Отворена прекршочна процедура против Кипар и Малта за продавање ЕУ пасоши

Од:

Европската Комисија соопшти дека денеска се отворени прекршочни процедури против Малта и Кипар за предметот „златни пасоши“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија им испрати писма на владите од двете земји со прашања на кои тие треба да одговорат во рок од два месеца, по што Комисијата ќе одлучи дали е задоволна од одговорите и дали треба да се активира втората фаза од процедурата која може да заврши пред Европскиот суд за правда.

Европската извршна власт смета дека шемата „златни пасоши“, која им овозможува на граѓани од трети земји да добијат кипарски или малтешки пасош, односно ЕУ државјанство, со плаќање или со инвестирање, не е согласно начелата на повелбите на ЕУ, поточно членот 4 (3) од Повелбата на ЕУ, како и членот 20 од Повелбата на функционирање на ЕУ, кој се однесува на ЕУ државјанство.

Принципот на доделување на ЕУ пасош на инвеститори ја загрозува Унијата со оглед на тоа што со поседување на ЕУ државјанство граѓанинот добива права да патува, работи и живее во која било земја на ЕУ, а се здобива и со право на глас на локални избори и на изборите за Европскиот Парламент.

Малта и Кипар дозволуваат купување на ЕУ пасош или преку директно плаќање или преку значајна инвестиција во нивната земја веќе неколку години. Иако условите за доделување државјанство е национална компетентност на земјите членки, Европската Комисија смета дека тоа мора да биде ограничено на безбедноста и интегритетот на Европската Унија, врз основа на што е легално оправдано да се отвори прекршочна процедура, смета извршната власт на ЕУ.

Слична шема е детектирана и во Бугарија. Европската Комисија испратила писмо и до оваа земја за подетални објаснувања.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ