Ратификации на договори и спогодби и едно задолжување денеска пред пратениците

Од:

Покрај измените и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратениците денеска на пленарна седница треба да разгледаат четири ратификации на договори и спогодби, едно задолжување и испраќање на војници во меѓународни мисии.

Народните избраници, меѓу другото, треба да ја разгледаат ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот како и за ратификација на Договорот со Владата на Република Србија за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти и за ратификација на Спогодбата за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во двете држави.

Пред пратениците е и Предлог законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка.

На седницата на дневен ред е и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на ОН „УНИФИЛ“ во Либан и за испраќање припадник на Армијаа за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието