Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит, ќе биде во самоизолација седум дена откако била во контакт со лице заразено со Ковид-19, соопштија од Кабиентот на Макрон.
Како што се наведува, Брижит Макрон била во контакт со лице кое денеска имало позитивен тест за Ковид-19 во четвртокот, на 15 октомври. Лицето има симптоми на Ковид-19 по инфекцијата, пишуваат француските медиуми.
„Во согласност со препораките на здравствените власти, таа ќе биде во самоизолација седум дена. Брижит Макрон нема симптоми на болеста во оваа фаза”, се вели во соопштението.