Уапсен кумот на Груевски за спорните плацови на Водно

Од:

Полицијата го приведе Ристо Новачевски, кој е кум на азилантот Никола Груевски, по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Новачевски е уапсен поради спорните плацеви на Водно, а каде како купувачи се јавуваат офшор-компании.

Една од фирмите, сопственик на дел од земјиштето кое се протега на повеќе од 10 илјади квадратни метри на Водно е „Сирах Инженеринг“, чијшто основач и сто процентен сопственик е фирмата „Сирах Лимитед“ од Белизе, сопственост на Новачевски.

Во неговиот дом, полицијата изврши и претрес. Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Инаку, истрагата на Обинителството за земјиштето на Водно опфаќа повеќе бизнисмени, како и поранешен функционер. За Новачевски е познато дека беше член на Одборот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост.

Од Обвинителството засега нема информации за кои дела ги гонат осомничените.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош