Објавен оглас за помош за млади земјоделци

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за мерката 112 „Помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“ .

Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, обрасците „Упатство за корисници“, „Деловен план“ и „Барање за користење на средства“ со листата на потребни документи можат да се подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk .

Пополнетите барања се доставуваат по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата за мерката 112 е 18 јуни 2013 година.

Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт e-mail адреса [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk, како и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници