Селекцијата на Шведска по победата над Финска остварена попладнево со 3:0 се избори за место во големото финале на Светското првенство во хокеј на мраз.
Во првиот полуфинален дуел Швеѓаните ја искористија предноста на домашниот терен во Стокхолм и со по еден постигнат гол во секоја третина го поразија ко-домаќинот на Мундијалот, Финска на убедлив начин.
Од 19 часот ќе се игра вториот полуфинален натпревар во кој најпријатното изненадување на првенството Швајцарија за противник ќе ја има репрезентацијата на САД.
Утре ќе се играат натпреварите за медал.
Од 16 часот на програмата е дуелот за 3.место, а финалето ќе започне во 20 часот и 30 минути.