Од над 20 луѓе на состанок на ВМРО-ДПМНЕ, ниту половината не носат маски

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва објави фотографија на  „Твитер“ насловена како „Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, на која се гледа како од над 20 лица присутни на состанокот, едвај осум луѓе носат маски.

Маска не носи ниту Александар Пандов, кој го води Патриотскиот институт на партијата, а се наоѓа на чело на фотографијата.

Состанокот, според фотографијата што ја објави Филипче, се одржува во затворена просторија, и покрај препораките да нема поголеми групирања од повеќе од четири лица, особено во затворени простории, со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека коронавирусот многу полесно се пренесува на тој начин, доколку не се носат заштитни маски и каде што има поголеми групи луѓе.

Во неколку држави веќе во сила се препораките заштитните маски да се носат и на отворен простор. Во земјава овие мерки најверојатно ќе стапат на сила наредната недела, откако тоа го препорача Комисијата за заразни болести.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите