Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети предградието на Париз, Конфлан Сент-Онорин, каде беше обезглавен наставник, a напаѓачот за време на нападот извикувал „Алах Акбар“ (Бог е голем).
Макрон ќе замине во предградието северозападно од францускиот главен град, вечерва по итниот состанок во Министерството за внатрешни работи.
Жртвата е наставник по историја во средно училиште на колеџот и гимназија Буа Д’Олн. Тој неодамна им покажувал на своите ученици карикатури на Мухамед за време на час по слободен говор.
Истрагата која е отворена се води за „напад во врска со терористички потфат “ и „злосторничко терористичко здружување“, таа е во надлежност на антитерористичките потдирекции на полицијата и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ).