Курти ги повика Албанците во САД да гласаат за Бајден

Од:

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Движење Самоопределување (ВВ), поранешниот косовски премиер, Албин Курти, ги повика Албанците кои живеат во САД на претседателските избори на 3 ноември да гласаат за демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во видео-пораката што вечерва ја објави на неговата страница на Фејсбук, Курти вели дека гласот за Бајден, наспроти актуелниот американски претседател Доналд Трамп, „е глас за јакнење на заедничките вредности за правда, слобода, самоопределување и можности за сите“.

– Уште од 90-те години, Џо Бајден беше непоколеблив поддржувач на Албанците на Балканот. Беше меѓу првите кој укажа на српскиот фашизам во епохата на (Слободан) Милошевиќ, кој повика на американска интервенција во Босна, а потоа и во Косово, кој побара кривично гонење на српските воени злосторници и кој ги поддржа независноста и признавањето на Република Косово, рече Курти.

Според лидерот на косовската опозиција, „Албанците имаат само еден вистински пријател и еден докажан сојузник, а тоа е Бајден и Демократската партија“.

Курти беше премиер на Косово од 3 февруари до 3 јуни годинава, а меѓу главните причини поради кои беше сменет од страна на неговите дотогашни коалициски партнери се нагласуваше тоа што ги залади односите на Косово со администрацијата на американскиот претседател Трамп, посебно со неговиот специјален пратеник за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија