Владата има механизми за состојбата со Ковид-19, нема да носиме одлуки кои ќе и штетат на економијата, порача премиерот

Од:

Лично јас не сум поддржувач на затворање, на полициски часови, но сум пддржувач на сето тоа што ќе може да ограничи можност за ширење на заразата од коронавирусот. Верувам дека ќе бидеме мудри, а и многу често учиме и споделуваме искуства од другите земји, истакна денеска премиерот Зоран Заев при обиколката на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела, прашан за следните мерки кои треба да се превземат во однос на зголемените бројки од заразени со коронавирусот.

-Мене лично ме застрашуваат бројките, верувам и дека секој е уплашен од овие бројки. Сите нови сугестии кои ќе дојдат од Комисијата ќе ги почитуваме. Владата има алатки и механизми и не е само вонредната состојба, имаме можност да прогласиме кризни состојби согласно законот. Но се цени и што може да се направи дополнителен ефект на штета врз економијата или не, а нема да даде резултат во ширење на заразата. Нема да дозволиме ние како политички субјекти да носиме одлуки, кои ќе прават штета на економијата и нема да имаа ефект на намалување на бројките, нагласи Заев.

Информираше дека дебатата е отворена и дека низ неа се најуспешните мерки кои Комисијата за здравство ги предлага.

-Иако законот е во процедура и треба да биде сменет за да има имаме правно формално примена на мерките кои се за лична заштита, ни и со самото тоа што Комисјата предложи и Владата што соопшти, со самото тоа што предложивме амандаманска измена на самиот закон, гледате дека во јавноста имаме почитување на мерките. Ако законот брзо се донесе, верувам дека ќе се зголеми и почитувањето на мерките, додаде Заев.

Премиерот нагласи дека членовите на Комисијата се стручните луѓе, но и дека се општественици, кои ги слушаат и ги следат реакциите. Заев рече дека бројките растат вртоглаво во светот во регионот, а и дека ќе растат и кај нас.

-Најавивме во летото што не чека, еве го се случува тоа. Рековме да не се надеваме есенскиот и зимскиот период дека ќе биде како летниот. Ќе биде многу полош и пострашен во бројки и во се. Најголемата заштита е да ги почитуваме мерките, порача Заев.

Во однос на работата на Парламентот, премиерот Заев рече дека координаторите на пратеничките групи разговаараат и се во координација, но според него оние пратеници кои не се инфицирани од коронавирусот можат да седат во Парламентот, другите онлајн да се вклучат.

-Не треба инаетење во парламентот ниту пак политички поени да се ќаруваат. Сите ќе изгубат ако се обидуваат да го замајат народот со некакви неодржливи аргументи. Да бидеме паметни да си помогнеме сите. На граѓаните им требаат паметни и функционални институции, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме

Катерина Ѓуровски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата