Бислимовски: Сигурна и стабилна испорака на електрична и топлинска енергија за граѓаните ни е приоритет

Од:

Енергетскиот систем беше стабилен во време на вонредната состојба, но и сега се покажува дека е отпорен на актуелната здравствено-економска криза, што е резултат токму и на квалитетната регулација на енергетскиот сектор, при што се земаат предвид сите параметри од работата на енергетските компании, во согласност со законската регулатива, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на денешниот работен состанок со заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф.

-Сигурна и стабилна испорака на електрична и топлинска енергија за граѓаните ни е приоритет. Работејќи на регулативата која ја усогласивме со законодавството на ЕУ по насока од Енергетска заедница предвидовме и посебен дел за ранливите потрошувачи кои се заштитени во овие зимски месеци. Снабдувачот во зимските месеци декември, јануари и февруари не смее да ги исклучува ранливите потрошувачи поради неплатени сметки. Се покажа дека механизмот за заштита на ранливите потрошувачи, што е пракса од ЕУ, е значаен во вакво време на здравствено – економска криза, истакна Бислимоски.

Според него, РКЕ фокусирано работи на мапирање на градот во однос на греењето, за што се отпочнати консултации и со градежните комори.

Бислимоски и Граф се согласија дека енергетската независност е клучна и се обезбедува преку континуирани инвестиции во секторот.

Граф се заблагодари за приемот во РКЕ и разговорот за регулаторните прашања во Северна Македонија, пред се, во поглед на пристапниот процес во ЕУ, како и нивното значење за инвеститорите.

Во однос на идните активности, еден од предизвиците на РКЕ ќе биде дооформувањето на регулативата поврзана со испораката на гас во очекување на исходот од објавениот тендер за гасификација на земјава, како и реализацијата на проектите што неодамна се најавени за изградба на терминалот за течен природен гас близу Александрополис во Грција.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on