Туристите во Охрид ова лето ќе се соочат со изменет режим на одвивање на сообраќајот

Од:

Туристите кои ова лето ќе престојуваат во Охрид ќе се соочат со изменет режим на одвивање на сообраќајот за разлика од минатото лето.

Поголем дел од Кеј „Маршал Тито“ покрај Охридското езеро ќе биде слободна пешачка зона, каде што нема да има паркирање на автомобили и одвивање на сообраќај.

Улицата „Партизанска“ ќе биде еднонасочна и ќе се поврзе еднонасочно со улицата „Димитар Влахов“ преку новопроектираната Улица 1 кај Тутунска банка исто така во центарот на Охрид.

Оние жители кои живеат во стариот дел на Охрид до своите домови ќе влегуваат со специјални налепници. Во периодот од 20 часот до 5 часот наутро ќе има забрана за движење на возила во центарот на градот кај улиците „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ и „Илинденска“.

Новиот сообраќаен режим ќе почне да се применува од 15. јуни и ќе биде на сила се до крајот на август.

„Овој сообраќаен режим мораше да го донесеме заради краткиот временски рок пред престојната туристичка сезона. Го прилагодивме на сегашните можности во соработка со сообраќајната полиција“, изјави Димитар Спасевски секретар во општина Охрид

Од опозицијата во Охрид велат дека сообраќајното решение за оваа туристичка сезона не е добро

„Улиците Кеј „Маршал Тито“ и „Ванчо Николески“ ќе бидат затворени за сообраќај, а со минатогодишниот режим за сообраќа овие улици беа отворена за сообраќај. Тоа беше направено да се има можност и за паркирање на возила и за движење на пешаците со што се растерети сообраќајниот метеж“, рече Томислав Тунтев советник на СДСМ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид