Стартува ревизијата на „Скопје 2014“

Од:

Денеска градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, како што соопшти прес-службата на општината, на прес конференција ќе го означи почетокот на ревизијата за проектот „Скопје 2014“.

Ревизијата на спорниот проект, за тоа колку точно пари се потрошени, на кој начин се одлеале толку средства од џебот на граѓаните е едно од основните ветувања на Жерновски во предизборната кампања.

Иако одредени медиуми се обидуваа да спинуваат и да вадат теории и зборови од контекст, Жерновски јасно, неколку пати, кажа дека тој не се кандидира и не е избран за да урива туку да гради во општина Центар.

Градоначалникот посочи дека ќе го слушне гласот на граѓаните за тоа дали и на кои споменици им е токму тука местото.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец