Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Од:

Во Апелациониот суд во Скопје, денеска ќе се одржи јавна седница за случајот „Саздовски”. Предметот во овој суд е по однос на жалбите поднесени од одбраната на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, кој во април 2019 беа осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски. На ова одлука жалба има поднесено и скопското обвинителство, кое бара максимална казна за обвинетите.

Настанот меѓу обвинетите и Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда. Привчно младиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите. Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.

Од друга страна одбраната на обвинетите настојува дека во овој настан нема елементи за кривичното дело „свирепо убиство”, туку се работи за кривично дело ,,насилство”, како што и беше поднесно првичната пријава.

Би можело да ве интересира

Судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски одложено за 2 април

Ана Ололовска

Продолжува судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо

Ана Ололовска

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Братот на Бесир Беља: Не ја прифаќаме пресудата, се уште нема правда во Македонија

Ана Ололовска