(ВИДЕО) Братот на Бесир Беља: Не ја прифаќаме пресудата, се уште нема правда во Македонија

Од:

Ние не ја прифаќаме оваа пресуда и ќе се жалиме до Апелација. Видовме дека се уште нема правда во Македонија, казната е превисока, рече Бесарт Беља братот на Бесир Беља, осуден за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски по денешното изрекување на пресудата.

Бесир Беља и Скендер Демири денеска од страна на Кривичниот суд беа осудени на 19 години казна затвор за сторено кривично дело убиство направено врз 20 годишниот Никола Саздовски,член на навивачката група Комити.

Беља, Демири и Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година околу 17.45 часот на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Откако Саздовски го потврдил идентитетот, обвинетите заедно почнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силните удари Саздовски загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без со силни удари со нозете продолжиле со да го удираат по главата Од ударите Саздовски добил тешки телесни повреди опасни по животот по што паднал во коматозна состојба.

Саздовски во бессознание бил пренесен во ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза. Истиот ден бил пренесен на КАРИЛ каде престојувал повеќе од 10 дена. На 3 јули 2018 година била констатирана мозочна смрт. Како резултат на здобиените повреди, Саздовски починал на 9 јули 2018.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски одложено за 2 април

Ана Ололовска

Продолжува судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо

Ана Ололовска

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Ана Ололовска

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Кристијан Ландов