(ВИДЕО) Апостолоски: Главниот виновник за урбаното дивеење во општина Ѓорче Петров е градоначалникот Александар Наумоски

Од:

„На вчерашната седница на советот на општина Ѓорче Петров се виде вистинското лице на СДСМ и Александар Наумоски.

Насилниците од мафијата на власт се обидоа физички да се пресметаат со граѓаните од Иницијативата против урбаното дивеење во општината, застанувајќи на страната на урбаната мафија.

Граѓаните имаат голем проблем со овој урбанистички план. Тој со својот габарит го загрозува нормалното живеење и барајќи решение за своите проблеми, граѓаните се обратија до Советот на општината, каде со Деловник им е овозможено да присуствуваат на седниците, и наместо објаснување и разбирање беа брутално навредувани, а малку недостигаше да бидат и физички нападнати од советниците на СДСМ“, рече Данијел Апостолоски, советник при Совет на општина Ѓорче Петров.

„За лудоста да нема крај, Наумоски кој е верен слуга на урбаната мафија, наместо да се соочи со граѓаните и да се обиде да ги реши нивните проблеми, во недостиг на аргументи за барањата на граѓаните од општината повика полиција и обезбедување со цел да создадат страв и паника, како кај советниците од опозицијата, така и кон граѓаните.

Јавно му порачуваме на челникот на мафијата во Ѓорче Петров Александар Наумоски дека никој не им се плаши никој и дека нема да се откажеме.

Воедно ги повикуваме сите меѓународни институции, амбасади, конзулати и невладини организации да го истражат овој случај од блиску бидејќи вакво насилничко и недемократско однесување не е санкционирано од ниту една институција во Република Македонија“, изјави Данијел Апостолоски, советник при Совет на општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО