Техниката денеска овозможува се, да не се дозволи Парламентот да не работи, порача премиерот

Од:

Може да направат онлајн дебата и работење на Парламентот. Техниката денеска овозможува се и сешто, но да не се дозволи да го стават Парламентот надвор од целиот систем, затоа што ненавремено донеле одлука и тоа ќе донесе сериозни проблеми, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Нагласи, дека демократско право е на секој да одлучува, но апелираше за одговорност и да ги имаат пред себе интересите на граѓаните и смислата за постоење на институциите.

– Во Парламентот веќе три или четири пратеници има со позитивни тестови. Ова го прави големиот проблем, а тоа е столбот на демократијата – Парламентот, да биде ставен надвор од системот и да не работи. Тоа, ќе значи неможност да се носат одлуките, кои што значи плати, социјална помош, поддршка на здравствените работници и слично, изјави Заев.

Посочи дека министерот Венко Филипче, минатата недела дал сугестија Владата да помине на онлајн работење.

– Нема заразен министер или дел од службите што работат во Владата, но преминавме на онлај работење. Ако има некој заразен, тоа ќе го соопштиме, зошто само така е исправно, изјави Заев.

Во однос на отворањето на границата со Косово, Заев посочи дека тоа е направено врз основа на мислење на Здравствената комисија, која ги анализира состојбите.

– Ако инфлуенсата се јавува поради патувањето со Косово, тогаш постојат причини за затворање, ако тоа се шири поради центри од дома, тогаш нема причини за затворање на границите. Ќе ги следат сите примероци и затоа така се тестира, каде што имаме заразен, па се прави карта на контакти, па тие се тестираат, изјави Заев.

Тој, исто така, изрази уверување дека ќе се носат исклучително професионални одлуки во периодот што претстои.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители