Поцкова не доаѓала во Собранието, но не се знае дали одела на партиските протести

Од:

Пратеничка Јадранка Поцкова од Струмица, која е лекар по професија, е позитивна на коронавирусот и е во домашна изолација, потврди координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски. Тој не знае како пратеничката се заразила, а за резултатите од тестот го известила викендов. Му кажала дека првите симптоми ги почувствувала пред десетина дена, па затоа решила да не доаѓа во Собранието.

Засега не се знае со кои и со колку лица пратеничката била во контакт и дали одела на партиските протести и била во близина на партиското членство.

„Пратеничката Поцкова е лекар по професија, затоа одговорно постапила. Уште пред десет дена почувствувала дека здравствената состојба и се влошува и решила да не доаѓа на работа. Тестот за Ковид-19 го направила минатата недела, а на крајот на викендот го добила и позитивниот резултат, за жал. Го известила собранискиот спикер , а со мене и со колегите е во секојдневна онлајн комуникација. Со оглед на фактот што не доаѓаше во Собранието, мислам дека не постои опасност вирусот да го пренела меѓу пратениците“, вели Мицевски.

Пред Поцкова, пратениците на СДСМ и ДУИ, Лазе Танески и Исмаил Јахоски се заразија со коронавирусот. Непосредено пред формирањето на новиот собраниски состав, болеста ја прележаа и претедателот на Собранието Талат Џафери и пратеникот на ДУИ Арбен Зибери.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица