Два инциденти за само половина час помеѓу матуранти во Охрид

Од:

Попладнево во период од само половина час се случиле две тепачки помеѓу група матуранти во Охрид.

Една од тепачките се случила пред Гимназијата, а другата се случила во близина на кафе барот Кадмо.

Според кажувања на очевидци – други матуранти од Гимназијата Св. Климент Охридски за малку бил избегнат поголем инцидент, бидејќи бил направен обид во тепачката да биде употребене и безбол палка.

Учесниците во инцидентот се здобиле со лесно телесни повреди, а покрај употребата на безбол палка, се разменувале боксови и удари со нозе. Инволвираните ученици ги разделиле нивни соученици.

Од Полицијата во Охрид велат дека до овој момент кај нив не е пријавен ваков инцидент, но додаваат дека ќе направат се доколку имало таков настан истиот да се расветли. Двата инциденти се случија во очи на матурските прослави во Охрид

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство