Меџик Џонсон: Лејкерс ќе го повторат успехот и следната сезона

Од:

Легендарниот кошаркар и поранешен претседател на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, верува дека тимот ќе ја задржи шампионската титула и следната сезона.

– Леброн Џејмс уште еднаш докажа дека е најголемиот играч на светот, докажа дека требаше да биде прогласен за најкорисен играч во НБА. Второ, Ентони Дејвис со играње во регуларниот дел и плејофот покажа дека е втор најдобар играч во НБА оваа сезона. Запомнете, предвидувам токму тука, во моментов, дека Лејкерси ќе го повторат тоа следната сезона, изјави Џонсон.

Лејкерс ноќта недела кон понеделник го совладаа Мајами хит со 106:93 за вкупни 4-2 во финалната серија од НБА сезоната 2019/20.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он