Концерт на Дактили вечерва во МКЦ

Од:

Вечерва со почеток од 21 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржи концерт на бендот Дактили.

Kонцертот може да се следи и во живо, но ќе биде пренесуван и преку социјалните мрежи.

Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор, што значи дека бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан, а задолжително е седење на позицијата означена на билетот.

Билетите по цена од 100 денари се достапни на билетарница во МКЦ.

Бендот Дактили е оформен 2018 година во Струмица од страна на Ставре Ангелаков, Столе Велков, и Душко Манушев. Најпрвин започнува да делува како инструментален (авторски) бенд, и како таков настапува низ повеќе локали низ југоистокот на Македонија. Во таа прва етапа од приказната на Дактили е снимено едно парче музика (EP) насловено како “Ventana de Passillo”, кое е всушност снимка од нивниот настап на Лузерфест. Набрзо, пред самиот крај на 2018 година кон составот се приклучува и вокалистот Милан Анастасов. Таа четворка (Ставре, Столе, Душко, Милан) преку цела 2019 година настапува на фестивали (Strumica Open-Fest, Синестетика, Сирова Култура, Д-фест, Слободна Зона, итн…) и го снима првиот студиски албум „Рандом Дестинација“ во студиото Ал-Шар во Скопје. Во почетокот на 2020 година Дактили настапуваат на „Земјотрес“, и го објавуваат албумот како самоиздание на повеќе интернет платформи. Во август 2020 година на тапанарското столче седнува Љубен Маџиров и во тој состав Дактили успеваат да направат концертна промоција на албумот во амфитеатарот во Струмица.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје