Денеска пресуда за тужбата за клевета на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во Граѓанскиот суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за изборните спотови на партијата „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

Адвокатите на странките, по минатото рочиште, излегоа со спротивставени ставови во однос на тоа дали изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, биле за нарушување на угледот на обвинителката Рускоска, или пак тоа спаѓа во категоријата на слобода на говор.

Оштетното побарување на обвинителката Вилма Рускоска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за надомест на нематеријална штета изнесува 615 илјади денари.

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, најави дека ако ги добие, парите од тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донира за СОС Детското село.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му