Демократски сојуз: Влез на странски државјани во С. Македонија само со ПЦР тест

Од:

Демократскиот сојуз укажува на потребата, РС Македонија, рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, да ги усогласи со мерките на Европската Унија, градирање на државите и регионите во црвена, портокалова и зелена зона.

Во оваа насока Демократскиот сојуз смета дека влез на странски државјани во РС Македонија треба да се дозволува само со ПЦР тест, доколку тоа го бараат и земјите членки на ЕУ.

Како што вели, ДС е за слободно движење на луѓето и капиталот, но во услови на пандемија, државата мора да презема мерки и на граница при влез на наши и странски државјани, мерење на температура, ПЦР тестови и слично.

„Поради високиот процент на инфицирани од Ковид-19, неопходни се дополнителни заштитни мерки и во внатрешноста на државата, како и почитување на препораките на здравствените власти и одржливи мерки за функционирање на здравствениот систем.

Во превентивните мерки треба да се вклучат и поличките партии, верските заедници, училиштата, компаниите, како и сите државни институции“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски