Полицајка од градот Андерсон во американската сојузна држава Јужна Каролина, била изненадена кога во една длабока јама открила куче кое се грижело за мало маче.
Полицијата интервенирале откако локалните жители ги известиле дека веќе неколку дена од една јама постојано се слуша лаење на куче.
Полицајката Мишел Смит биле зачудена кога видела дека на дното на јамата стои кучето, кое само можело да излезе од јамата, и едно немоќно маче.
– Не сакаше да го напушти мачето, а не можеше да го извади од јамата, изјави Смит.
Американските медиуми наведуваат дека ова не е прв случај кога куче презема улога на мајка на маче. Така, една кучка од Калифорнија дури почнала и да лачи млеко за да нахрани едно напуштено маче, а чивавата Хармони се грижела за повредено маченце се додека не оздравило целосно. с