Основачот на „Мајкросфт“, Бил Гејтс повторно се најде на првото место на листата на најбогатите луѓе во светот на агенцијата Блумберг.
Педесет и седумгодишниот Гејтс ја поврати титулата „најбогат човек во светот“, откако од почетокот на годинава акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за 28 отсто.
Гејтс, кој последен пат беше лидер на оваа листа во 2007 година, сега има богатство од 72,7 милјарди долари или за 16 отсто повеќе во однос на лани.
Ланскиот „шампион“, 73-годишниот мексикански инвеститор Карлос Слим годинава се најде на второто место, како резултат на падот на вредноста на неговиот мобилен оператор „Америкас Мобил“ за 14 проценти.
Блумберг проценува дека сега богатставото на Слим за над три милијарди долари помало во однос на лани.