Граѓаните на Таџикистан денеска излегуваат на гласање за да го изберат новиот претседател на земјата.
Тасс јави дека од утринава во 6 часот, па се до вечерва во 20 часот, ќе бидат отворени 3.375 избирачки места за околу 4,9 милиони регистрирани гласачи.
На изборите учествуваат петмина кандидати, вклучувајќи го и актуелниот шеф на државата, Емомали Рахмон.
Во 29 земји низ светот се отворени вкупно 39 избирачки места, а конечните резултати треба да бидат објавени на 12 октомври.