Пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ хоспитализиран на Инфективната клиника поради Ковид-19

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска информира дека пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ, е позитивен на Ковид-19 и оти тој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

-Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, се наведува во соопштението од Собранието.

Законодавниот дом, како што се наведува во соопштението, апелира до сите останати пратеници, „освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските“.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски