АД ЕСМ ги продолжи стипендиите на 29 студенти од четири универзитети

Од:

АД ЕСМ го продолжи стипендирањето на 29 студенти од различни години на високото образование од четири државни универзитети, односно од државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и во Тетово. Услов за продолжување на стипендирањето е студентите секоја година да го задржат бараниот просек, резултат кој стипендистите редовно го исполнуваат.

Компанијата соопшти дека во изминатите денови дел од студентите веќе ги потпишаа договорите, извршено согласно со мерките за заштита од КОВИД-19, а со цел на студентите да им се исплатат средствата неопходни за нивните секојдневни трошоци поврзани со образовниот процес.

Од 2012-та, АД ЕСМ секоја година распишува конкурс за стипендирање на 30 нови студенти од државните универзитети, со годишна стипендија од 60 илјади денари.

– На тој начин, како општествено одговорна компанија, АД ЕСМ помага во продуцирање кадар, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии, информира компанијата.

Би можело да ве интересира

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“