Зависниците од видеоиграта „Angry Birds“ би можеле конечно за момент да ги одложат нивните смартфони и таблети, со оглед на тоа што компанијата Sony Pictures Entertainment најави дека филмската верзија на оваа игра ќе излезе на 1 јули 2016 година.
Од Sony не наведоа никаков детален податок за филмот, освен дека ќе биде снимен во 3D техника.
Џон Коен („Despicable Me“) и Дејвид Мајсел („Iron Man“, „Thor“) ќе ја продуцираат филмската адаптација на играта, која во март забележа две милијарди превземања. Филмот ќе ја прошири приказната на актуелната финска ТВ серија „Angry Birds Toons“.
Коен и Мајсел соопштија дека имаат „уште многу најави пред да почнат во наредните месеци со продукцијата“.