Во Москва почна состанокот за Нагорно Карабах на министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан, Сергеј Лавров, Зохраб Мнацаканијан и Јејхун Бајрамов.
Разговорите се водат во руското Министерство за надворешни работи.
Азербејџанскиот и ерменскиот министер пристигнаа во Москва на покана на рускиот претседател Владимир Путин, но, како што претходно изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не е планирана средба со Путин.