(ВИДЕО) Бесими: Различни сме по вера и јазик, но сакаме да живееме заедно

Од:

Во организација на општина Центар и Европската Унија денеска се славеа европските вредности. Се славеше симболот на заеднишвото, прогресот, желбата за остварување заеднички вредности.

– Срекен сум што толку многу деца со својата фантазија ке го покажат своето знаење ке ги доловат вистинските вредности. Се разликуваме по вероисповед, припадност, јазик и писмо, но нашата иднина е во прифакање на различностите. Со надеж дека ке станеме уште една ѕвезда на европското знаме, да ја запознаеме Европа на наше тло, да го земеме најдоброто од неа и да го дадеме најдоброто од себе, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Вицепремиерот Фатмир Бесими посочи дека Република Македонија е земја на различности, но и на единство.

-Ние сме различни по вера и по јазик, но знаеме и сакаме да живееме заедно. Сакаме да бидеме дел од европскиот дом, рече Бесими.


На присутните им се обрати и амбасадорот на ЕУ во земјава Аиво Орав кој посочи дека Македонија работи и треба да работи на европските вредности и дека еден ден ке биде полноправна членка на Европската Унија.

Во рамките на манифестацијата „Сите заедно под исто европско небо“, Жерновски и Орав ги прогласија најдобрите и најинвентивни ученици и училишта.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Сакс: Ниту „Четирите мускетари“ нема да и обезбедат воена победа на Украина

Мерц: Европа ја „напаѓа Москва“

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите