Пратениците расправаат за дополнувањата на Законот за студентскиот стандард

Од:

Собранието денеска во рамки на продолжението на 15. седница расправаше за Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка.

Во образложението на овој Предлог-закон се наведува дека студентите кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските домови и им се одобрени барањата за сместување во студентски дом, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат. Ним им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека имаат огромна несоработка со пратениците од власта на собраниската Комисија за образование. Сметаат дека законот е правно спорен и дека со него дел од студентите нема да добијат исхрана. Не се почитуваат законите и се заобиколува содржината на Конкурсот распишан токму од МОН и дека дел од студентите ќе добијат помалку од она што им следувало.

Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ќе го поддржат законот затоа што, како што велат, ќе е штета студентите, иако вака задоцнето, да се остават без овој паричен надомест. Тие повикаа во иднина кога ќе има вакви диксусии да биде повикан и претставник на студентите.

Неки пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, пак, изјавија дека ќе гласаат воздржано. Тие сметаат дека овој закон не е стабилен, проблематична е онлајн наставата и полагањето за студентите. Се осврнаа на почетокот на академската година, велејќи дека има драстично намален број на запишани студенти и потенцираа дека е потребна анализа и стратегија.

Пратеничката Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека студентите се една од најпогодените категории на граѓани со пандемија со Ковид-19, морале да ги напуштат студентските домови и изнајмените станови, а за нив „исклучително тешка“ била јунската сесија.

Таа рече дека ова е чист популизам, дека власта не се грижи за студентите и дека не е направена реална проценка. Добро е, како што рече, да се смисли нешто во услови на пандемија, но доцниме и ова не соодветствува на реалната ситуација.

Претседателот на Собранието Талат Џафери објави пауза, а пратениците со работа ќе продолжат во 15.30 часот.

Собранието претпладнево со 71 глас „за“, девет воздражни и без ниту еден против го донесе Законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка. Со изгласаните законски измени се овозможува да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“, дел од најавените антикризни мерки на Владата поради ковид пандемијата.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он