Проштална средба на Џафери со романскиот амбасадор Станила

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Романија, Виорел Станила, на која се заблагодари за досегашната соработка и за неговиот придонес во евроатланскиот пат на државава.

Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изрази задоволство и истакна дека заложбата и личната посветеност на амбасадорот како претставник на Амбасадата, придонесе во голема мера во унапредување на односите меѓу двете земји и взаемната поддршка на билатерален и мултилатерален план.

Тој истакнал дека и во иднина ќе ги охрабрува двете земји да продолжат со работата со ист интензитет на билатерален план и на ниво на групите за соработка во двата законодавни дома.

Амбасадорот Станила се заблагодарил за честа и за можноста за оваа негова проштална средба во својство на амбасадор на Романија и ги поздравил историските моменти, напредокот со членството во НАТО и охрабрувачките резултати за почеток на преговорите со Европската Унија.

Како што се наведува во соопштението, Станила особено нагласи дека неговата мисија во Република Северна Македонија ќе ја памети како период во кој се донесувале многу клучни и важни одлуки за земјата. Меѓупарламентарната соработка ја оцени како многу плодна и изрази пофални зборови за претседателот Џафери и неговото успешно водење на Собранието во претходниот и во овој мандат.

-Амбасадорот Станила му честиташе на претседателот Џафери за спроведувањето на европската агенда, водењето на политичкиот дијалог со сите парламентарни партии и неговата улога на претседател на сите пратеници во Собранието. Воедно, ја потврди и понатамошната силна поддршка на Романија за Република Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат, се посочува во соопштението од средбата.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители