Претседателот Женбеков ја распушти владата на Киргистан

Од:

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбаков го потпиша указот за смена на владата и премиерот, објави прес-службата на претседателот, пренесе БГНЕС.

Сменетите членови на киргистанската Влада ќе продолжат да ги извршуваат своите должности се до формирањето на новиот владин кабинет.

Претседател Женбеков претходно кажа дека е „подготвен да поднесе оставка“ за да се стави крај на хаосот што ја зафати оваа централноазиска земја по изборите.

Женбеков изјави дека може да поднесе оставка откако ќе се утврди датумот за новите избори и промените во владата бидат потврдени од парламентот и од неговиот кабинет.

„Откако ќе биде одобрена новата легитимна извршна власт и земјата се врати на патот на законитоста, јас сум подготвен да ја напуштам функцијата претседател на Република Киргистан“, напиша претседателот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница

А1он