Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека имиграциската политика на земјата кон Западен Балкан се покажала функционална во претходните пет години и најави дека германската Влада утре ќе разгледува продолжување на овој аранжман, кој истекува кон крајот на годинава.
– Постоечките правила за Западен Балкан го издржаа тестот на времето. Во ноември 2015 година договорено е предусловот за влез во германија да биде постоечкиот договор за труд. Федералните агенции за вработување оценуваат дека овој систем добро функционира, а злоупотребата е многу мала, истакна Зехофер.
Тој додаде дека за Западен Балкан е договорена квота од 25.000 работници, која ќе биде ревидирана на годишно ниво.