Репрезентацијата на Шведска се пласира во полуфиналето на Светското хокеарско првенство што се одржува во нивната земја.
Швеѓаните синоќа на последниот четвртфинален дуел ја победија фаворизираната Канада со 3:2 по изведување на пенали. По основните 60 минути резултатот беше изедначен 2:2 (0:0; 0:1 и 2:1), а така беше и по продолжението па пеналите го решија победникот.
Противник на Шведска во полуфиналето ќе биде Финска, додека во другото полуфинале ќе играат САД и Швајцарија.