Мнозинството Французи сметаат дека Макрон лошо се справува со епидемијата

Од:

Мнозинството Французи (61 отсто) сметаат дека Емануел Макрон не бил „на висина на задачата“ од почетокот на кризата со коронавирусут, а 55 отсто дека тој не „донел правилни одлуки“ за здравствениот план.

Од друга страна, 52 отсто сметаат дека тој донел „правилни одлуки на економско и социјално ниво“, прецизира студијата на Елабе за БФМТВ. Исто така 65 отсто од Французите сметаат дека Емануел Макрон, владата и здравствените власти „не ги научија лекциите од првиот бран“ на епидемијата.

Покрај тоа, Емануел Макрон предизвикува „загриженост“ кај 59 отсто од Французите (+5 поени). Тие исто така, дури 65 отсто од испитаните го сметаат за „арогантен“ (+3 поени), 63 отсто „авторитарен“ (+1 поен) и „динамичен“ (+2 поени) и 51 отсто „смел“ (+1 поен).

Три четвртини од Французите (75 отсто) веруваат дека Шефот на државата имал право да каже „она што мора да го решиме е исламистички сепаратизам“. Четири десетини од Французите (41 отсто) велат дека го разбираат терминот „сепаратизам“, 37 отсто сметаат дека знаат што е тоа „но не се сигурни“, а 22 отсто не го разбираат терминот. Тие претежно ги одобруваат и сметаат дека се ефективни мерките презентирани од Емануел Макрон, освен оние што имаат за цел развој на наставата по арапски јазик: 61 отсто од Французите се противат на развојот на наставата по арапски јазик во училиштата.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ќе се обидам да го убедам Трамп дека неговите интереси се исти како нашите

А1он

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз