Четири хакери чии мети биле компанијата „Сони пикчерс“ и американската Централна известувачка агенција (ЦИА), се осудени на затворска казна во траење од 32 месеци.
Обвинетите ја признале вината за сајбер нападите на интернет сајтовите „Њуз интернешнал“, како и на британските служби како што се Националната здравствена служба и Агенцијата за организиран криминал..
Обвинителот Ендру Хадик изјави дека тие на компаниите им нанеле големи материјални штети и го извалкале нивниот углед.