Изложба „Од ризницата на Бигорскиот манастир“ по повод 1000 години од основањето на манастирот

Од:

По повод големиот јубилеј, 1000 години од основањето на манастирот Бигорски, Македонската академија на науките и уметностите денеска ја организираше изложбата „Од ризницата на Бигорскиот манастир“.

Како што изјави денеска авторот на изложбата Сашо Цветковски, изложени се околу 30 дела – оригинални дела кои датираат меѓу крајот на 16 век и почетокот на 20 век.

Станува збор за внимателно одбрани предмети од самата ризница на манастирот, а како што посочи Цветковски, основната интенција на самата изложба е да се презентираат оние уметнички дела кои се многу малку се познати како на оние кои се занимаваат со проучување на таа средновековна уметност, така и на љубителите на старините и општо на културната јавност.

– Тука имаме могу интересно експлонати посебно би нагласил благодарение на заложбите на Музејот на Македонија првпат имаме можност да ги видиме литургиските одежди од манастирот Бигорски тоа се две литургиски одежди од крајот на 18 век, 1761 – 1783 година, тоа се исклучително важни работи бидјеќи тие се единствени во нашата средновековна збирка на предмети од таа применетата уметност од доменот на текстилот, рече Цветковски.

Според авторот, посебно важна е бакрорезната плоча, тоа е како што посочи бакрорезно клише кое е единствено што ние го имаме сочувано од времето на 19 век. Тоа е, додаде, клише на кое што се печателе овие книжните, хартиени, графички икони и по тоа манастирот Бигорски се издвојува и е единствениот што во текот на 19 век ја негувал таа вештина, значи вложувал во тоа и имал голема широка продукција на тие хартиени графички икони.

Тој додаде дека изложбата концертиски е оформена за да ја прикаже таа долга, милениумска историја на манастирот Бигорски, од времето на 16 век па до крајот на 19 век.

– Најстарата историја е поврзана со графичката икона на Св. Јован Крстител, што ние ја имаме презентирано, како и делови од постарите поменици кои во манастирот се воделе од најстарите времиња и сукцесивно се повторувале во помениците од подоцнежните векови. Ова е навистина една вредна уметничка поставка што се потрудивме да ја изложиме и ова е навистина низ експонатите и делата се согледува таа голема милениумска, илјадагодишна историја на манастирот Бигорски, рече Цветковски.

Претседателот на МАНУ, академикот Љупчо Коцарев на денешното обраќање по повод отворањето на изложбата посочи дека милениумската историја на манастирот Бигорски придонела манастирската ризница да содржи стотина предмети, икони, икони на платно, хартиени икони, ракописи и старо печатени книги, литургиски богослужбени предмети и одежди.

– Овие вредни уметнички драгоцености во наредните 20 дена посетителите ќе можат да ги видат, ќе бидат достапни за истражувачите и за оние кои се помалку познати на културната јавност и на љубителите на старата умешност. Веруваме дека и овој период, илјада години од основањето на манастирот е добар повод да се презентираат овие иконописни дела и дела од применетата уметност и книжевност, рече Коцарев.

Изложбата ќе трае до 30 октомври и изложбениот салон на Макеодонската академија на науките и уметностите ќе биде отворен секој ден од 11 до 18 часот, со почитување на сите протоколи за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим

Ана Ололовска

Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Ана Ололовска

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Ана Ололовска

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

Ана Ололовска