ЕК: Има механизми за независно и одговорно судство, треба нивна решителна и доследна употреба

Од:

Државата во следната година особено ќе треба да работи на имплементација на новата правна рамка поврзана со реформи на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и новиот закон за Јавно обвинителство, се вели во извештајот на ЕК за Поглавјето 23.

– Со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но многу ќе зависи од неговата соодветна примена.

– Како резултат на реформите во изминатите години Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство. Треба да се обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат понатамошни промени во оваа област.

Пораката од ЕК е јасна, реформската легислатива во правосудството и борбата со корупцијата е завршена, сега треба да се влезе во следна фаза, односно донесената легислатива доследно да се спроведе во пракса.

Корупцијата е распространета во многу области и останува загружувачки проблем, а во извештајот ЕК посочува дека е неопходен фокус на приходите од криминал.

– Конфискување на криминален имот треба да биде стратешки приоритет во борбата против организираниот криминал, тероризам и високо ниво на корупција во земјата, се вели во најновиот извештај на ЕК за земјава.

Во таа насока се очекува и новоформираната Канцеларија за враќање на имот да го покаже својот капацитет за поддршка на активната политика на конфискација на средства, а новиот Центар за истраги/судска полиција во рамки на канцеларијата на Обвинителството, да го покаже својот капацитет за поддршка на канцеларијата во зајакнување на истрагите и да го подобри сеопфатниот стратешки пристап во борбата против коурпцијата.

Буџетскиот трошок за судови и обвинителства во земјата со 21 евро по глава на жител останува под просекот за регионот на Западен Балкан од 41,4 евра. Дополнително, спроведувањето на ИТ стратегијата во секторот правда во голем дел зависи од странска помош и донации, покажуваат податоците на Советот на Европа за ефикансот на судството

Владеење на право – Поглавје 23

Во делот на владеење на правото и фундаментални права – Поглавје 23 – државата има одредено ниво на подготвеност/делумно е подготвена за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област, се вели во последниот извештај на Европската комисија за реформскиот напредок на земјата.

Според извештајот, државата во следната години особено треба да работи на:

– конзистентната имплементација на стратегијата за реформи во судството и надградениот акциски план, како и да покаже цврста посветеност на независноста на судскиот систем, бранејќи го од било какво политичко влијание, вклучително и со употреба на достапните механизми за проверка на професионалноста и интегритетот на судиите и обвинителите.

– финализирање и отпочнување со примена на стратегиите за човечки ресурси во судството и обвинителството, како и да се подобри Автоматскиот систем за управување со судски предмети – АКМИС со цел да се обзбеди негово целосно функционирање и доверливост.

– имплементација на новата правна рамка поврзана со реформи на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и новиот закон за Јавно обвинителство.

Во делот на владеење на правото и фундаментални права, извештајот оценува дека во целина е постигнат добар напредок, вклучително преку јакнење на независноста на судството и решавање на случаи на полициска неказнивост, но корупцијата е распространета во многу области и останува загружувачки проблем.

– Спроведени се нови реформи, вклучително Законот за јавното обвинителство, обезбедувајќи одговорност за делата кои произлегуваат од нелегалните прислушувања. Државната комисија за спречување на корупција ги користи своите зајакнати овластувања и продолжува да дава резултати, вклучително за високи случаи. Канцеларијата на Народниот правобранител има дополнителен персонал и средства за остварување на својата улога, но потребни се постојани напори за подобрување на ситуацијата со човечките права во пракса. Од клучно значење е поставување на членови на независните и регулаторни тела врз основа на компетентност и заслуга, а функционирањето на овие тела мора да биде гарантирано во секое време со соодветна алокација на средства, се вели во извештајот на ЕК.

Во однос на функционирањето на судскиот систем, извештајот оценува, дека земјата има одредено ниво на подготвеност, односно делумно е подготвена.

– Беше постигнат добар напредок со имплементација на стратегијата за реформа на судството, притоа одговарајќи на итните реформски приоритети и препораки од Венецијанската комисија и групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото. Сепак, се уште се потребни напори за обезбедување на системско спроведување на дополнетиот акционен план на стратегијата за судски реформи. Судските институции следат нови правила за назначување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии, а Судскиот совет поактивно ја извршува својата улога. Како резултат на реформите во изминатите години Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство, како што се правила за именувања врз основа на заслуги, проверка на имот и судири на интерес, и дисциплински постапки. Треба да се обзбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат понатамошни промени во оваа област. Законот за јавно обвинителство стапи на сила во јуни 2020 година. Целта на законот е, меѓу дургото, да обезбеди одржливо решение за случаите на СЈО и да утврди одговорност за делата кои произлегуваат од незаконското прислушување. Донесен е ревидираниот Закон за Советот на јавни обвинители. Ефективната имплементација на законската рамка како и зголемените напори на сите засегнати страни да покажат личен пример ќе придонесе за зголемување на довербата на јавноста во судството, се вели во извештајот.

Во одонос на Советот на јавни обвинители, во извештајот се наведува дека, согласно новиот закон, Советот треба да донесе правилник за постапка на утврдување одговорност на јавните обвинители.

Извештајот, меѓу другото, оценува дека се неопходно напори за спречување корупција на сите нивоа.

– За утврдување одговорност, начинот на кој се водат случаите на СЈО и нивното затворење ќе биде важен сигнал за враќање на довербата во системот и ставање крај на неказнивоста. Со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година се обезбедува одржливост на работата на СЈО и случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување. Законот дава основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но многу ќе зависи од неговата соодветна примена, се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува дека буџетот за 2020 година има раст од околу 6 процетни за судовите и намалување од 15 проценти за обвинителството. Според податоците на Советот на Европа за ефикансот на судството буџетскиот трошок за судови и обвинителства во земјата останува под просекот за Западен Балкан со 21 евро по глава на жител, додека просекот во регионот на Западен Балкан е 41,4 евра.

– Просечната плата на судиите и обвинителите се нешто под просекот на Западен Балкан. Судиите се уште не ги добиваат сите додатоци на плата за комплексноста и осетливоста на случаите кои ги водат, се вели во извештајот.

Спроведувањето на ИТ стратегијата во секторот правда во голем дел зависи од странска помош и донации, се вели во извештајот.

– Еднакво важно е да се обезбеди соодветно екипирање, вклучително експертски соработници и соодветни средства за обвнова и одржување на ИТ инфраструктурата во судството, се вели во извештајот.

Дополнително, се вели во извештајот, треба да се даде приоритет на ИТ врските, вклучително и целосна дигитализација на случаите, обезбедување на обука за судиите и судскиот персонал.

Извештајот нотира и намалување на бројот на случаи со медијација, и дека се неопходно напори за дополнителна промоција на алтернативните начини за решавање на спорови, вклучително преку соодветните комори.

Спречување и борба против корупција

Северна Македонија има одредено ниво на подготвеност/делумно е подготвена за спречување и борба против корупција, оценува извештајот на ЕК за реформскиот напредок на земјата.

– Добар напредок е остварен со тоа што земјата го консолидираше досието за истрага, процесирање и гонење високи случаи на корупција. Државната комисија за спречување на корупција е особено проактивни и отвори голем број случаи, вклучително и оние со високи функционери од целиот политички спектар, во согласност со минатогодишната препорака, се вели во извештајот на ЕК.

Земјата во следната година ќе треба особено да работи на:

– спроведување на новата легислатива со која се префрлаат некои од надлежностите на поранешното СЈО на ОЈО за организиран криминал и корупција и регулирање на статусот на нелегално прислушуваните разговори, така што ќе продолжи одговорноста за делата кои произлегуваат од нив.

– да се зголеми досието на конечни пресуди за случаи на висока корупција, вклучително и со понатамошно конфискување на криминален имот и средства.

– демонстрира политичка волја за борба против корупција преку поддршка на релеватни тела со дополнителни финансиски и човечки ресурси и преку обезбедување на јасни упатства за сите државни институции за тоа како да се справат со корупција согласно препораките од ДКСК.

Во извештајот се посочува дека од СЈО во ОЈО за организиран криминал и корупција биле пренесени вкупно 25 случаи во кои се вклучени вкупно 178 лица и во три од нив веќе има финална пресуди против четири лица, како и дека ОЈО за организиран криминал и корупција отвори десет нови случаи на восика корупција против 55 лица и една организација.

– Трендот на отворање истраги и процесирање високи случаи на корупција треба да продолжи, се вели во извештајот.

Новоформираниот центар за истраги/судска полиција во рамки на канцеларијата на Обвинителството, се нагласува во извештајот, мора да го покаже својот капацитет за поддршка на канцеларијата во зајакнување на истрагите и да го подобри сеопфатниот стратешки пристап во борбата против коурпцијата.

– Јавното обвинителство мора да го покаже капацитет и биде проактивно во следење на случаите укажани од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за резцијаи и другите инстутуции, се наведува во Извештајот.

Дополнително ОЈО има електронски систем за менаџмент на случаи, но мора да биде поефикасен.

– На позитивниот тренд на ставање привремени забрани за користње на банкарски сметки и имот, ОЈО мора да ја зголеми и заплената и конфискувањето на криминален имот и средства, се наведува во извештајот на ЕК.

Во извешатјот се нагласува потребата од имплементација на Законот за лобирање усвоен во 2008 година, со кој се предвидува регистрација на лобистите и механизми на надзор.

– Земјата треба да ги регулира правилата на ангажман меѓу членовите на парламентот и лобистите, согласно препоракиет на ГРЕКО, се вели во извештајот.

Дополнителни се посочува на потребата од дополнително усогласување на Законот за заштита на укажувачи со новата легислатива на ЕУ.

Борба против организиран криминал

Во борбата против организираниот криминал, во извештајот на ЕК за реформскиот напредок на земјата, се оценува дека Република Северна Македонија има одредено ниво на подготвеност.

– Правната рамка генерално е усогласена со европските стандарди и напорите за спроведување на стратегиите за борба против организираниот криминал мора да продолжат. Одреден напредок е постигнат минатата година со основање на канцеларија за враќање на имот согласно ЕУ легислативата. Оваа канцеларија ќе мора да го покаже својот капацитет за поддршка на активната политика на кофискација на средства. Земјата е вклучена во проценка на опасност на регионално ниво и ќе мора да го прошири својот делокург согласно ЕУ праксата. Има одреден напредок на оперативно ниво, но мора повеќе да се направи за подобрување на ефикасноста во борбата против перење на пари и финансиски криминал. Потребно е воспоставување централизиран регистар на банкарски сметки, согласно 5-тата директива на ЕУ за перење пари, се вели во извештајот.

Координацијата, се нагласува, останува клучна за сите засегнати страни во борбата против организираниот криминал.

Во следната година, државата мора особено да работи на:

– понатамошно зајакнување на досието на истраги, гонење и пресуди за организиран криминал и перење пари, како и да покаже капацитет за ефикасно разбивање на големи криминални мрежи,

– да се зголеми употребата на мерката конфискување криминално стекнат имот од страна на судовите,

– да се зголеми функционалноста и капацитетот на истражните центри при обвинителството.

Во извештајот се нагласува дека во 2019 година бил конфискуван криминален имот само во три случаи.

– Конфискување на криминален имот треба да биде стратешки приоритет во борбата против организираниот криминал, тероризами високо ниво на корупција во земјата. Механизмите за замрзнување, контрола и конфискување на криминален имот не се доволно ефикасни. Има потреба од систематско употреба на конфискување или продолжено конфискување за ограничена листа на прекршоци. Неопходен е вистински фокус на приходите од криминал, се вели во извештајот на ЕК за напредокот на С.Македонија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он