Изложба „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“ во МАНУ

Од:

Изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“ денеска, на пладне, ќе биде отворена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите. Изложбата е по повод јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од депоата на музејските институции. Автор на изложбата и на каталогот е д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

На свеченото отворање на изложбата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим

Ана Ололовска

Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Ана Ололовска

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Ана Ололовска

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

Ана Ололовска