Франција, Русија и САД ќе преговараат за Нагорно Карабах

Од:

Државите од Минск-групата на ОБСЕ, Франција, Русија и САД ќе одржат преговори за Нагорно Карабах на 8 октомври во Женева и на 12 октомври во Москва, соопшти денеска францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дриан.

Министерот не откри на кое ниво ќе се одвиваат преговорите.

– Досега не сме постигнале резултати. Преговорите траат 11 дена. Едната рунда ќе се одржи утре во Женева, другата ќе се одржи в понеделник во Москва, изјави Ле Дриан.

Тој изрази надеж дека ова ќе доведе до директни преговори меѓу завојуваните страни.

Преговорите за мировно решение за Нагорно Карабах се спроведени во рамките на Минск – групата на ОБСЕ, со која Франција, Русија и САД усвоија изјава за спорната област на почетокот на месецов. Лидерите на трите земји, како и повеќето светски челници, ја осудија ескалацијата на насилството и повикаа на итен прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска