Батлер: Треба да бидете совршени против Лејкерс, а ние не бевме

Од:

Лидерот на тимот на Мајами Хит, Џими Батлер, го коментираше поразот на неговиот тим во натпреварот бр.4 од Лос Анџелес Лејкерс.

„Жешките“ претрпеа непријатен пораз на четвртиот натпревар меѓу двата тима и веќе се на чекор од тоа да бидат елиминирани од битката за титулата. Батлер рече дека неговиот тим направил важни грешки во двете фази од играта што го чинел неговиот тим победа.

– Знаеме дека треба да се претставиме подобро и исто така знаеме дека можеме да го направиме тоа. На моменти играме добро, но потоа правиме важни грешки и во одбраната и во нападот, и преку нив самите се победуваме. Јас секогаш ќе велам дека ние сме многу добар тим, но мора да признаеме дека треба да бидеме совршени за да ги победиме. Па, не бевме вечерва, изјави крилото на Мајами на прес-конференцијата по натпреварот

„Ентони Дејвис е неверојатен дефанзивец“, го пофали Батлер својот противник.

– Тој знае како да ве спречи, знае како да го блокира вашиот удар. Но, во овој случај, јас само треба да ги вклучам моите соиграчи во нападите. Ни треба повеќе работа без топка. Ова е нешто што треба да го научам, бидејќи сакам да бидам сигурен дека секој мој соиграч ќе биде во добра позиција. Победите зависат од тоа, треба да промениме некои работи, додаде тој.

Тој посочи дека ќе продолжат да се борат.

– Фрустрирачки е кога добро се снаоѓате во одбраната и ги терате да промашуваат, но тие после тоа земаат скок во напад. Ние зборуваме за тоа цело време, но тоа едноставно се случува. Ова беа важни потези во последните минути од последниот дел, забележа поранешниот играч на Чикаго, Минесота и Филаделфија.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он