Русија со потерница ја бара белоруската опозиционерка Тихановскаја, Москва не открива што згрешила

Од:

Кандидатката на белоруската опозиција на неодамнешните претседателски избори во државата, Светлана Тихановскаја, е ставена на списокот на барани лица во Русија.

Руски медиуми јавија дека лидерката на опозицијата Тихановскаја, по која е распишана потерница, „се бара според член од Кривичниот законик“, но не е прецизирано кој член.

Главната противничка на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на изборите на 9 август, во родната земја беше обвинета во Белорусија за загрозување на националната безбедност. По ова, таа избега во Литванија, каде што доби политички азил.

Според руската државна агенција ТАСС, Тихановскаја би можела да биде гонета и од Русија по нејзиното обвинение во Белорусија, бидејќи таквата можност е предвидена во договорите меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он