Следеjќи ja филозофијaтa – што повеќе воздушни перничиња во автомобилот, патниците побезбедни – компанијата „Џенерал Моторс“ (ГМ) го претстави воздушното перниче што се активира меѓу седиштата на возачот и совозачот.
Првите централно поставени воздушни перничиња се вградени во моделот „Шевролет Траверсе“ што се продава на пазарот на САД.
Идејата на „Џенерал Моторс“ била позицијата на возачот дополнително да се заштити во случај на страничен судар, така што со поместување на неговото тело по ударот максимално да се ограничат повредите.
„Џенерал Моторс“ засега не објави снимка од тест-судар со кукла на местото на возачот, како ни податоци за испитувањето колку овој изум навистина придонесува за безбедноста на оној кој управува со зозилоот, во случај на судар.
Ако новото воздушно перниче се покаже успешно, се очекува негово вградување и во другите модели на „Шевролет“ и останатите автомобилски марки што делуваат во рамки на „ЏМ“.