Северна Македонија направи одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Економскиот раст се забрза во 2019 година со зголемувањето на инвестициите, но, од април 2020 година, кризата со КОВИД-19 остави свој белег врз економијата и јавните финансии, се наведува во годишниот извештај на ЕК за напредокот на земјата.
– Властите презедоа низа мерки за поддршка на компаниите и домаќинствата, за да го ублажат економското и социјалното влијание на кризата. Фискалната транспарентност беше дополнително подобрена. Сепак, фискално значајните реформи во оданочувањето на доходот и системот на пензии, воведени на почетокот на 2019 година, забележaa назадување. Фискалната транспарентност беше дополнително подобрена, но беа запрени реформите на даночниот и пензискиот систем, почнати во 2019 година. Покрај тоа, спроведувањето на јавните капитални расходи остана ниско, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред да се појави кризата, стапките на невработеност продолжија да опаѓаат, а се намали и неформалното вработување. Сепак, позитивниот тренд веројатно ќе се промени поради кризата КОВИД-19. Проблем за бизнисот и натаму останува високиот удел на неформалната економија, се наведува во делот од извештајот за исполнувањето на економските критериуми.
Покрај тоа, ЕК укажува и дека спроведувањето на јавните капитални инвестиции остана на значително ниско ниво, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред кризата со КОВИД-19, стапките на невработеност дополнително се намалија, исто така и кај младите, а неформалното вработување благо опадна. Сепак, влијанието на кризата со КОВИД-19 веројатно ќе ги сврти тие позитивни трендови. Стапките на учество на жените остануваат ниски, иако нивното учество во пазарот на трудот се зголеми.
Финансискиот сектор остана солиден, а заемите за приватниот сектор беа зајакнати. Деловното опкружување продолжува да биде попречено од високиот удел на неформалната економија. Северна Македонија постигна одреден напредок и е умерено подготвена да се справи со конкурентските притисоци и пазарните сили во рамките на ЕУ. Интеграцијата во ЕУ во смисла на трговија и инвестиции дополнително се напрдува. Извозот и индустриското производство дополнително се проширија со производи од повисока вредност. Сепак, недостигот на вештини, како одраз на недостатоците во образовниот систем и одливот на квалификувани работници, како и јазот во инвестициите во инфраструктура ја нарушуваат продуктивноста на трудот и конкурентноста на економијата. Навременото решавање на овие структурни потреби, би поттикнало побрзо економско закрепнување и раст на вработувањето по кризата со КOVID-19, смета ЕК.
Со цел да се подобри функционирањето на пазарната економија, ЕК препорачува да се обезбеди фискален простор за поддршка на закрепнувањето по ковид-кризата преку подобрување на собирањето на приходите, спроведување јавни инфраструктурни проекти кои го поттикнуваат растот и подобрување на управувањето со јавните инвестиции. Се препорачува и зајакнување на фискалното управување, транспарентност и одржливост преку воспоставување фискални правила, соодветна среднорочна буџетска рамка и фискален совет, продолжување со спроведувањето на Стратегијата и акцискиот план за 2018 година за формализирање на неформална економија и подобрување на ефективноста и транспарентноста на државната помош.
Во однос на способноста да ги преземе обврските за членство во ЕУ, земјата продолжува да биде умерено подготвена во повеќето области, вклучително и во областите на конкурентност, јавни набавки, статистика, финансиска контрола, транспорт и енергија. Земјата покажува добро ниво на подготовка во области како што се законодавство на компании, царинска унија, транс-европски мрежи како и наука и истражување. Земјата е во рана фаза на подготовка во области како што се слободно движење на работниците, како и финансиски и буџетски одредби.
Во наредниот период, потребен е поголем фокус и на административниот капацитет и ефективната имплементација. Земјата продолжи да ја подобрува својата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се вели во извештајот на ЕК за напредокот на С.Македонија.