Бајден во голема предност пред Трамп кај пензионерите

Од:

Кандидатот на Демократската партија за претседател на СДА Џо Бајден го зголеми водството пред актуелниот претседател Доналд Трамп до 20 отсто кај гласачите на возраст од над 65 години.

Ова го покажуваат најновите две анкети на јавното мислење – едната на Си-ен-ен, другата на Ен-би-си Њуз и Волстрит журнал, пред претседателските ибори во САД, закажани за 3 ноември. .

Гласачите на возраст над 65 години се најсигурни гласачи. Од друга страна, оваа група е најмногу на удар на пандемијата на коронавирус. Затоа излезноста на лицата во поодмината возраст на изборите што се оддржуваат за неколку недели може да биде пресудна за Бајден.

Според анкетата на Си-ен-ен, 60 проценти од избирачите постари од 65 години би гласале за Бајден, додека само 39 отсто од оваа група избирачи би гласале за Трамп. Кај анкетата на Ен-би-си, овој однос е 62 наспроти 35 во полза на Бајден.

Од анкетата на Си-ен-ен се дознава дека Бајден води со 16 процентни поени пред Трамп кај сите гласачи. Од анкетата на Ен-би-си пак се дознава дека Трамп заостанува за 14 отсто.

Си-ен-ен анкетирале 1.205 гласачи со маргина на погрешност од 3.3 отсто. Ен-би-си анкетирале 800 гласачи со опсег на погрешност од 53.5 проценти.

Изборите во САД се на 3 ноември. Анкетите не ја кажуваат целосната слика бидејќи изборите се одлучуваат во такананаречените „фронтови држави“, каде гласачите се колебливи и до до последен момент не се знае исходот. Тие држави се Пенсилванија, Флорида, Висконсин, Џорџија, Северна Каролина, Миџиген и други.

Во пресрет на гласањето, кампањите и на двајцата кандиндати ќе бидат поактивни токму во овие држави.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он