Шојбле: Централните банки не можат да ги решат сите проблеми

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека постојат ограничувања во она што светските централни банки можат да го направат за решавање на економските проблеми.

Американските и јапонските власти веќе ги намалија каматните стапки на ниво околу нулата, а Европската централна банка овој месец референтната каматна стапка ја намали на рекорден минимум од 0,5 отсто.

Меѓутоа, во некои делови од Европа се уште постојат компании кои имаат проблеми во позајмувањето пари по разумни стапки.

Шојбле истакна дека дури и нултите каматни стапки во овој момент не можат да им помогнат на компаниите во финансирањето и дека монетарната политика не може да ги реши проблемите со кои мораат да се позанимаваат политичарите по пат на економски реформи.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот