Груби-Која: Остануваме посветени на спроведувањето на реформите

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска одржа работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Груби и Која разменија мислења и за приоритетите на Република Северна Македонија како земја-членка на НАТО и за посветеноста на Владата за време на четиригодишниот мандат, односно продолжувањето на спроведувањето на заедничките приоритети, членството на земјата во Европската Унија.

Првиот вицепремиер Груби му рече на амбасадорот Која дека ја поздравува подготвеноста на ОБСЕ да им помогне на институциите на Северна Македонија во спроведувањето на реформите.

Соговорниците, Груби и Која, исто така, разговараа и на темата Попис на населението во Република Северна Македонија, процес што тие оценија дека успешно треба да биде завршен во текот на следната година.

Груби истакна дека Министерството за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците ќе биде модерно и одговорно министерство кое ќе придонесе за социјална кохезија и ќе биде дом на сите етнички заедници што живеат во Република Северна Македонија. Тој го увери амбасадорот Која дека во неговата улога како координатор на ресорните политики ќе гарантира кохезија во владината коалиција и ќе ги координира и насочува процесите и спроведувањето на програмата.

Груби ја цени високо улогата на ОБСЕ во сите демократски процеси во Северна Македонија, придонесот на оваа мисија во надгледувањето на изборниот процес, додека од своја страна шефот на мисијата на ОБСЕ, г.Клеменс Која и вети на Груби дека ОБСЕ ќе продолжи да соработува со Владата во спроведувањето на реформските процеси.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата