Шефчович: Времето изминува, можен е и Брегзит без договор

Од:

Европската унија сака да постигне трговски договор со Велика Британија, но како што истекува времето за постигнување на договорот, 27-члениот блок не може да ја исклучи можноста до него и да не дојде до пред крајот на годината, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.

Во своето обраќање во Европскиот парламент Шефчович кажа дека главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, и неговиот тим ја имаат целосната поддршка на Унијата.

-Доколку постигнеме договор, што е наша цел, двете страни ќе мора да обезбедат навремена ратификација, за договорот да стапи на сила на 1 јануари 2021 година. Ќе биде потребно извесно време, додаде тој.

„Во случај да не биде така“, нагласи тој, „ќе се најдеме во ситуација без договор“.

-Со оглед на тоа што сме на помалку од 100 дена до 1 јануари ние не можеме да го исклучиме ова сценарио, рече тој.

Шефчович, исто така, кажа дека одлуката на Велика Британија да продолжи со усвојување на законот за внатрешен пазар, што експлицитно го крши претходниот договор со ЕУ за излез на земјата од блокот, го нарушува кредибилитетот на Лондон во преговорите.

-Целосното и навремено спроведување на договорот за Брегзит едноставно не може да се доведе во прашање. Фактот што нашите британски пријатели сега одеднаш предложија предлог-закон што по својата природа го крши тој договор е тежок удар за британскиот потпис и доверливост, изјави Шефчович.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска